"Сакаа да ми ја рекетираат куќата во нула десет часот" Плав човек бил и со црни фармерки ми ја снимал куќата со политичка мотивација, тврди Бајрам
Вчера во Собранието на Македонија пратеникот Амди Најрам приреди уште еден циркуз за новинарите. Повод за тоа беа заканите што тој постојано ги добива од непознати лица. Завчера неколку минути по полноќ, додека пратеникот престојувал во ресторанот Галија, непознато вооружено лице облечено со црна кожна јакна и црни панталони на оддалеченост од шеесетина метри со камера ја снимил неговата куќата, која се ноаѓа во населбата Бутел 1. Пратеникот се сомнева дека тоа се прави со намера неговата куќа да биде ракетирана подоцна како полициската станица во Теарце. "Синоќа во 24, уствари у нула десет часот, у нула десет минути часот од 24 понатака, значи од 24 нула десет, после 24 десет минути поминуење ми јавија дека пред мојот дом дојдена е полиција, која се уште го чува мојот дом 24 часа. Јас живеам во Бутел 1 на самата раскрсница што е за Радишани и за Чардак, на едно од 150 метри од десна страна јас жиивеам таму. Од левата страна е 25 мај поправителен дом, испред ова има контијнери, мојата куќа од патот е пеесет метра, од таа страна. Од другата страна од кај ми е влезот испред стои комбе по двајца полициајци, дежурат увек пред мојата куќа. Но синоќа приметен е човек од тројца комшии Боби, Мише и Асан, кои се враќале од гробишта како снима со камера куќата моја. Човекот камерата ја ставил под јакната, плав човек бил и со црни фармерки. И кога дошле да го прашаат што е, само се фатил од позади, луѓето биле празни и одма пријавиле на полицајците" изјави вчера во Собранието видни возбуден пратеникот Бајрам опишувајши го настанот. Тој случајот го поврзува со претходните закани, кои според него имат политичка мотивација и доаѓаат од "власта што сакаше да дојде на власт". Бајрам негира дека сака да седне на директорската фотелја на Градски трговски центар и дека нема ништо против ако премиерот тоа место им го отстапи на Либералната партија, но смета дека Андов, кој според него има "два и пол пратеници" примногу добива од колачот на сегашната владина коалиција. (И.Н.)